Пронајдено човечко тело во Вардар кај село Чегране
Вчера околу 18:35 часот, жителот Б.Д. од тетовското село Тумчевиште пријавил во СВР Тетово дека забележал човечко тело во водите на реката Вардар, во близина на мостот кај селото Чегране.
На местото веднаш интервенирале екипи од Територијалната противпожарна единица од Гостивар, кои го извлекле телото од реката. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција за утврдување на идентитетот и причините за смртта.
Случајот е под истрага, информираат од СВР Тетово.