ПРВ.мк

Две земји во Европа останаа без електрична енергија: Предизвикан огромен хаос

Две земји во Европа останаа без електрична енергија: Предизвикан огромен хаос
Jumbo Banner

Денеска големи делови од Шпанија и Португалија останаа без струја. Шпанскиот оператор на електричната мрежа, „Ред Електрика“, потврди дека има прекини во снабдувањето со електрична енергија низ целата земја.

Шпанската национална железничка компанија, „Ренфе“, изјави дека сите возови се запрени и нема заминувања од станиците. Локалните медиуми јавуваат дека во центарот на Мадрид се создаде голем сообраќаен метеж поради неработењето на семафорите. Прекините ја погодија и тениската сцена, па така одложени се мечевите на Отвореното првенство на Мадрид.

На аеродромот „Барахас“ во Мадрид, некои летови се одложени, додека зафатени се и метрото во Мадрид, Барселона и Севилја.

Во Португалија, полицијата потврди дека подземната железница во Лисабон и Порто е затворена, а и овде возовите не сообраќаат, додека не работат семафорите. Поради прекините, без струја останала и соседната Андора, како и делови од пограничните области на Франција.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран