Видеото, снимено во јануари оваа година, го прикажува папата како на младите им дава совети за важноста на слушањето на другите, особено постарите лица.
Смртта на Франциско, роден како Хорхе Марио Бергољо, го означи крајот на 12-годишниот понтификат обележан од настојувањата да ја приближи Римокатоличката црква до современиот свет и да го ублажи нејзиниот однос кон ЛГБТ заедницата. Кардиналите се собраа во Рим на погребот на Франциско и подготовките за конклавата на која ќе биде избран нов папа.
На снимката Франциско ги повикува младите да „научат да слушаат“, што го опиша како клучна животна вештина.
Драги момчиња и девојчиња, една од најзначајните работи во животот е да се слуша – да се научи како да се слуша“, вели Франциско.
„Слушајте ги своите баби и дедовци, тие многу можат да ве научат. Кога некој нешто ви зборува, причекајте да заврши за навистина да го разберете, а дури потоа, ако почувствувате потреба, одговорете. Но најважно е да се слуша. Внимателно набљудувајте ги луѓето, луѓето не слушаат. На сред објаснување веќе одговараат, а тоа не придонесува на мирот. Слушајте, слушајте многу“, кажал папата Франциско.
Видеото може да го погледнете тука