ПРВ.мк

Илиевски го пушти во употреба новиот спортски терен во Челопек

Илиевски го пушти во употреба новиот спортски терен во Челопек
Jumbo Banner

Со свечен ревијален натпревар меѓу две локални екипи, градоначалникот на општина Брвеница, Јовица Илиевски, вечерва официјално го отвори реновираниот терен за мал фудбал со вештачка трева во селото Челопек.

Новиот спортски терен е изграден со средства од буџетот на општина Брвеница, како дел од проектот „Секое населено место со модерно фудбалско игралиште“, со кој локалната самоуправа има за цел да обезбеди современи спортски услови за сите жители.

Илиевски истакна дека општината ќе продолжи со инвестирање во спортската инфраструктура, со цел младите да добијат квалитетни простори за рекреација, спорт и развој на заедницата.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран