ПРВ.мк

Меџити: Инвестираме во безбедна и модерна инфраструктура за граѓаните на Арачиново

Меџити: Инвестираме во безбедна и модерна инфраструктура за граѓаните на Арачиново
Jumbo Banner

Продолжува изградбата на тротоар и атмосферска канализација на улица 10 во општина Арачиново, проект кој е од големо значење за локалното население. Работите се изведуваат со засилено темпо, а активностите денеска ги посети Изет Меџити, прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање.

Меџити изјави дека инфраструктурните проекти од ваков тип се клучни за подобрување на квалитетот на животот во општините и најави дека Владата ќе продолжи со инвестиции во локалниот развој. Тој посочи дека подобрената атмосферска канализација ќе го намали ризикот од поплави, а изградбата на нови тротоари ќе ја зголеми безбедноста на пешаците.

„Граѓаните заслужуваат подобра инфраструктура, уредени улици и сигурно движење. Ова е само дел од поширокиот план за модернизација на општините“, истакна Меџити.

Проектот е во завршна фаза и се очекува целосното завршување во следните неколку недели.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран