Поради планирани технички зафати, утре (28 април 2025 година) без електрична енергија ќе останат делови од Тетово и неколку околни села. Прекинот ќе трае од 09:00 до 14:00 часот.
Според најавата, електричната енергија ќе биде исклучена во дел од градот Тетово, поточно објектите што се наоѓаат во населбата Дреноец кон касарната. Исто така, без струја ќе бидат и делови од селото Непроштено, посебно во т.н. Македонско маало. Прекин ќе има и во селото Мала Речица, кај објектите кои се наоѓаат во близина на џамијата на улица 170.
Од надлежните информираат дека работите се дел од планот за подобрување на мрежата и апелираат граѓаните навреме да се подготват за прекинот.