ПРВ.мк

Ова е најлесниот трик како да ги исчистите загорените садови: Потребна ви е само една состојка и 30 секунди

Ова е најлесниот трик како да ги исчистите загорените садови: Потребна ви е само една состојка и 30 секунди
Jumbo Banner

Загорените садови повеќе нема да бидат кошмар: Едноставен трик со целер решава се за миг!

Сите барем еднаш сме се соочиле со макотрпно чистење на загорени садови. Остатоци од маснотии, изгорена храна, залепени наслаги на дното од тавчето или тавата – и часови гребење и триење што често не даваат резултат.

Но, постои едноставно и природно решение кое ќе ви заштеди време и нерви – и најдобро од сè, состојките веќе ги имате дома!

Целерот како природен чистач

Еден од наједноставните и најефикасни трикови е – варење целер во загорениот сад. Да, точно прочитавте. Се сечат неколку стебленца целер, се ставаат во загореното тавче заедно со вода и се остава да зоврие. По неколку минути варење, садот лесно се мие – без триење, без агресивни средства.

Но тоа не е сè!

Корисни трикови и за други кујнски маки

Миење јагоди од пестициди: Само измијте ги со мешавина од сода бикарбона и оцет. Природно и ефикасно.

Наострете ги кујнските алатки: Ако ви се затупени рендето или ножевите, ставете малку сол и искористете керамичка шолја како острилка.

Чиста рерна без мака: Измешајте сол и исечен компир – изненадувачки добра комбинација за чистење загорени наслаги во рерната.

Овие трикови не бараат скапи хемикалии – потребни ви се само неколку минути и малку креативност.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран