ПРВ.мк
Македонија

Тажна вест за Скопје – замина човекот кој го создаде ноќниот дух на градот

Тажна вест за Скопје – замина човекот кој го создаде ноќниот дух на градот
Kristal

По тешко боледување почина Зоки Панкер, еден од најпрепознатливите скопски градски ликови и сопственик на култните локали „Балет“ и „Флок“. Со децении беше симбол на ноќниот живот во главниот град и човек чие име се поврзуваше со урбаниот дух на Скопје.

Панкер остави силен белег во градската култура, особено кај генерации скопјани кои го паметат како дел од времето кога ноќниот живот имаше свој препознатлив стил и карактер. Неговите локали беа место на собирање, музика и автентична атмосфера.

По веста за неговата смрт, бројни пријатели, соработници и познаници се простуваат од него преку емотивни објави на социјалните мрежи, опишувајќи го како искрен пријател, визионер и човек кој знаеше да создаде приказна.

Заминувањето на Зоки Панкер остава празнина на скопската сцена и потсетник на едно поинакво време кое засекогаш ќе остане дел од градската меморија.

FixCredit
Escape