ПРВ.мк
Македонија

Тажна вест за македонската музичка сцена – почина познат музичар

Тажна вест за македонската музичка сцена – почина познат музичар
Kristal

Македонската естрада загуби уште едно големо име. По кратко боледување предизвикано од мозочен удар, синоќа почина Јовица Кочковски, познат музичар, гитарист, композитор и текстописец.

Во музичките кругови беше познат под уметничкото име Jony Walker Jony, препознатлив по својот карактеристичен рокерски стил, иако неговото творештво најмногу беше насочено кон новосоздадената народна песна.

На само 62-годишна возраст, кога беше во полн авторски подем и веќе изгради препознатлив стил, Кочковски неочекувано го напушти светот. Неговите песни ги пееја бројни изведувачи кои освојуваа награди, фестивали и симпатии од публиката.

Неговата харизма, искреност и љубов кон музиката ќе останат засекогаш запаметени кај сите кои го познаваа, соработуваа со него или имаа можност да ја почувствуваат неговата уметничка душа.

Escape