За таткото кој продаваше имот, а се прошири веста дека тоа го прави за да покрие трошоци за своето дете кое е на лекување во Анкара, беше прашан министерот за здравство, Арбен Таравари. Тој рече дека сите трошоци се покриени од Владата, а парите се префрлени во вторникот и средата. Според него, средства не добиле само тие кои не оставиле сметки.
„Уште еднаш ќе повторам, за сите пациенти лекувањето е бесплатно, нула денари. За сите пациенти по двајца членови од семејствата имаат авионска карта, плус е обезбедено и сместувањето на двајца од семејството. За сите. До денеска, од Владата во понеделник или вторник се пуштени парите. Тие сметки што се дадени. Можеби некој не дал сметка за да биде пуштено. Владата, буквално сите трошоци, за сите пациенти, се покриени. Транспорт на пациенти, лекување на пациенти, транспорт на родителите, се е покриено од кај нас. Можеби ако некој не дал податоци и да биде исклучок“, рече Таравари.
За ова, зборуваше и кочанчанецот Иван Ивановски во „Претрес“.
Вчера, еден родител, чие дете е во Анкара, дојде во Кочани за да остави полномошно да ги продадат сите автомобили, станот во Скопје, сѐ. Државата точно е, ќе покрие сѐ.. Дај Боже да не е точно, ама кај него, вика дека има шанси детето да остане слепо од пожарот бидејќи му е зафатено цело лице и му кажувале дека треба приватен доктор треба да донесе за операција за очите, пошто тоа е специјализирана болница за очи. Ова се неофицијални информации кои мене ми ги пренесоа“, вели Иван Ивановски, дел од иницијативата „SupportKocani“ кои собираат.
Извор: Скопје1.мк