ПРВ.мк
Македонија

СТРАШНА НЕСРЕЌА: Се запали автомобил во движење - возачот се спасил во последен момент!

СТРАШНА НЕСРЕЌА: Се запали автомобил во движење - возачот се спасил во последен момент!

Вистинска драма се случила на скопското подрачје на Чаир, откако автомобил се запалил додека бил во движење. Во инцидентот повреден е 55-годишен скопјанец, кој се здобил со изгореници, но успеал навреме да излезе од возилото пред огнот целосно да го зафати.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 11 јули околу 07:40 часот. Додека С.Д. (55) од Скопје управувал со својот автомобил низ подрачјето на Чаир, од засега непознати причини избувнал пожар во возилото.

Возачот успеал брзо да реагира и да го напушти автомобилот, но при обидот да се спаси се здобил со изгореници по телото.

На местото на настанот веднаш интервенирала екипа на Бригадата за противпожарна заштита – Скопје, која успеала да го локализира и изгасне пожарот, спречувајќи негово понатамошно ширење.

Повредениот бил пренесен во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“, каде му била укажана потребната лекарска помош и бил згрижен од медицинскиот персонал.

По интервенцијата, полициски службеници од СВР Скопје извршиле увид на местото на настанот, а причините за избувнувањето на пожарот се предмет на понатамошна истрага. Надлежните ќе утврдуваат како дошло до инцидентот и што го предизвикало запалувањето на возилото.

Најнови вести