ПРВ.мк
Македонија

СТРАШНА НЕСРЕЌА: Автомобил прегазил маж и жена додека преминувале!

СТРАШНА НЕСРЕЌА: Автомобил прегазил маж и жена додека преминувале!

Нова сообраќајна несреќа се случила вчера кај нелегалниот пешачки премин во близина на Бит Пазар, локација која со години важи за една од поризичните за пешаците. Во попладневните часови автомобил удрил во маж и жена додека го преминувале коловозот.

Според првичните информации, двајцата поминале со телесни повреди и се надвор од животна опасност, но несреќата повторно ги отвори прашањата за безбедноста на оваа делница.

На местото веднаш пристигнале екипи на Итната медицинска помош и полицијата, кои интервенирале и започнале активности за утврдување на причините и околностите под кои се случил инцидентот.

Ова не е првпат оваа локација да биде во фокусот поради сообраќајни инциденти. Во изминатите години таму се регистрирани повеќе несреќи, а дел од нив завршиле и со трагични последици, што дополнително ја зголемува загриженоста кај граѓаните.

Пред извесен период имаше иницијатива за затворање на нелегалниот премин, но по реакции и протести од локалното население активностите беа стопирани, па преминот остана во функција.