ПРВ.мк
Македонија

СТОЈАНЧЕ ЈОВАНОВСКИ ОСУДЕН НА 12 ГОДИНИ ЗАТВОР: Судот утврди континуирано насилство што довело до трагедијата со Ивана и Катја!

СТОЈАНЧЕ ЈОВАНОВСКИ ОСУДЕН НА 12 ГОДИНИ ЗАТВОР: Судот утврди континуирано насилство што довело до трагедијата со Ивана и Катја!

Основниот кривичен суд донесе пресуда со која Стојанче Јовановски е осуден на 12 години затвор за три кривични дела, меѓу кои и наведување и помагање во самоубиство на Ивана Јовановска и нејзината ќерка Катја.

Според образложението на судот, обвинетиот со подолг временски период применувал континуирано физичко и вербално насилство, со што ја довел жртвата во состојба на безизлез и очај, што на крај резултирало со трагичниот настан.

Судот утврдил дека насилството траело од 2023 година и се случувало на различни локации, често и во присуство на детето, што дополнително ја влошувало психолошката состојба на жртвата.

Во текот на постапката било утврдено дека Јовановски упатувал сериозни закани кон Ивана, меѓу кои дека ќе ја избрка од домот, дека ќе ја лиши од детето и дека ќе ѝ го одземе животот.

За секое од кривичните дела судот изрекол поединечни казни: пет години затвор за телесна повреда, три години за загрозување на сигурноста и пет години за наведување и помагање во самоубиство. Согласно законските одредби, изречена е единствена затворска казна од 12 години.

Обвинителството побара обвинетиот да остане во притвор до правосилноста на пресудата, оценувајќи дека постојат услови за продолжување на мерката.

Случајот предизвика силни реакции во јавноста поради тежината на делото и трагичниот исход, а пресудата се смета за една од најтешките во вакви случаи во последниот период.

Најнови вести