ПРВ.мк
Македонија

ПОКРЕНАТА ПОЛИЦИСКА ИСТРАГА ВО ТЕТОВСКО: По кавга на социјални мрежи следел физички напад, а потоа и пукање во двор!

ПОКРЕНАТА ПОЛИЦИСКА ИСТРАГА ВО ТЕТОВСКО: По кавга на социјални мрежи следел физички напад, а потоа и пукање во двор!

Во тетовско се случил сериозен инцидент кој започнал со недоразбирање преку социјални мрежи, а завршил со физички напад и пукање од огнено оружје.

Според полицијата, 31-годишен маж од село Стримница пријавил дека бил нападнат од повеќе лица на регионалниот пат Тетово–Јажинце и се здобил со повреди. Подоцна истиот ден, маскирани лица со мотор пукале во дворот на неговата куќа и побегнале.

Еден од осомничените е лишен од слобода, а друг, заедно со малолетник, по разговор со полицијата бил пуштен на слобода. Истрагата за случајот продолжува.

Најнови вести