ПРВ.мк
Македонија

Со ружи за Тоше – Крушево денес ги пречекува маратонците од Нова Градишка!

Со ружи за Тоше – Крушево денес ги пречекува маратонците од Нова Градишка!

На денешен ден, 16 октомври, кога се навршуваат 18 години од трагичната смрт на Тоше Проески, маратонци од Нова Градишка, Хрватска, повторно стигнуваат во Крушево, по традиционалната рута во негова чест.

Околу пладне, на улицата која го носи неговото име, ученици од основното и средното училиште во Крушево ќе ги пречекаат со ружи во рацете, оддавајќи им чест и поддршка за нивната посветеност да ја зачуваат живата меморија за Тоше.

„Ова не е само маратон, ова е љубов, почит и болка што не стивнува 18 години,“ вели Стерули Штерјоски, долгогодишен пријател на Тоше и активен волонтер во Спомен-куќата „Тодор Проески“.

Во пресрет на денот, тој заедно со неколку волонтери ја исчисти улицата Тоше Проески, разочаран што не се одржува редовно, и уште еднаш потсети дека Крушево е свето место каде споменот за Тоше живее секој ден.

Escape