ПРВ.мк
Македонија

СЛУЖБЕНО ВОЗИЛО УЧЕСТВУВАЛО ВО НЕСРЕЌА: Тројца полицајци повредени, завршиле на Клиника!

СЛУЖБЕНО ВОЗИЛО УЧЕСТВУВАЛО ВО НЕСРЕЌА: Тројца полицајци повредени, завршиле на Клиника!

Тројца полициски службеници се повредени во сообраќајна несреќа што се случила на булеварот „Крсте Мисирков“ во Скопје.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 3 септември околу 13 часот.

Во сообраќајката учествувале две патнички возила – автомобил „МГ“, управуван од 29-годишниот М.М. од Кичево, и службено патничко возило „Шкода“ во сопственост на Министерството за внатрешни работи, кое го управувал 31-годишниот Н.Ѓ. од Скопје.

Во несреќата со телесни повреди се здобил возачот на службената „Шкода“, како и двајцата негови сопатници. Станува збор за 35-годишниот Т.Џ. од скопското село Батинци и 35-годишниот П.Т. од Скопје.

Сите тројца се полициски службеници.

По сообраќајката, тројцата повредени биле пренесени на лекарски преглед, при што телесните повреди им биле констатирани во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

На местото на несреќата бил извршен увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Надлежните продолжуваат со утврдување на околностите под кои дошло до сообраќајката на булеварот „Крсте Мисирков“.