ПРВ.мк
Македонија

Скопје меѓу најзагадените градови во светот – каде се наоѓа на листата?

Скопје меѓу најзагадените градови во светот – каде се наоѓа на листата?

Според глобалната листа на Air Visual, вечерва Скопје се најде на 18-то место меѓу најзагадените градови во светот.

Дополнително загадување донесе пожарот на депонијата „Дрисла“, чии чадови поради промената на ветерот се насочија кон главниот град. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, изјави дека токму тоа е причината поради која делови од Скопје вечерва се соочуваат со силен и непријатен мирис.

Во меѓувреме, за утре се најавени нови активности и на дивата депонија „Вардариште“, со цел да се спречат дополнителни еколошки последици.

Escape