По потврдените упади на 19 руски дронови во полскиот воздушен простор, украинскиот претседател Володимир Зеленски упати апел до светските лидери за конкретна акција. „За жал, до сега Русија не доби остар одговор – зборовите се доволни, но делата недостигаат“, рече тој во своето вечерно обраќање на Telegram.
Зеленски истакна дека Москва „тестира сè што може“ и ја проверува реакцијата на НАТО, додека украинската армија го следела движењето на дроновите од првиот час. Тој повика на воспоставување на заедничка европска противвоздушна одбрана и ефективен штит за цела Европа, нагласувајќи дека само со заеднички сили може да се обезбеди безбедност од идни закани.