ПРВ.мк
Свет

Живееше 112 години: Џон Тинисвуд откри како се достигнува долговечноста

Живееше 112 години: Џон Тинисвуд откри како се достигнува долговечноста

Џон Тинисвуд од Англија, кој почина на 112 години кон крајот на 2024 година, го откри својот „секретен рецепт“ за долговечност. Локалните медиуми наведуваат дека тајната на неговата долга младост била едноставна – чинија пржена риба и помфрит секој петок.

Роден во 1912 година, истата година кога потонал Титаник, Џон двапати се сретнал со кралица Елизабета Втора и последниот роденден го честитал кралот Чарлс. Тој советувал умереност во сè, редовна физичка активност и здрава исхрана составена од овошје, зеленчук и маслинки.

„Бидете умерени во сè што правите, но најважно е да се движите многу. Да седите на стол по цел ден не е добро за вас“, истакнал Џон, оставајќи едноставен, но мудар совет за сите кои посакуваат долг и здрав живот.

Погледнете го видеото тука

Escape