ПРВ.мк
Македонија

Скандал во правосудството: Еве ја пресудата за Ѓоко Ристов!

Скандал во правосудството: Еве ја пресудата за Ѓоко Ристов!
Kristal

Основниот кривичен суд Скопје денеска ја донесе одлуката што предизвика бура реакции – апелациониот судија Ѓоко Ристов му е определен куќен притвор, по предлог на Обвинителството за организиран криминал и корупција. Покрај тоа, му е одземена патната исправа и му е забрането да издава нова, што практично го ограничува неговото движење.

Ристов е осомничен за сериозни кривични дела – перење пари и прикривање имот, дела што го ставаат во центарот на истрагата за голема корупција. Бидејќи станува збор за апелационен судија, пред донесувањето на мерката Судскиот совет донесе одлука за одземање на судискиот имунитет, отварајќи го патот за кривична постапка.

Важно е да се нагласи дека судот ја прифати мерката предложена од обвинителството, а не ја одреди самостојно – поради што тврдењата дека „бил пуштен дома наместо во притвор“ се погрешни. Осомничениот самиот се пријавил во судот, без полиција да го приведува.

Странките во постапката имаат право на жалба пред Кривичниот совет, но јавноста со нетрпение ја следи секоја нова информација од случајот што веќе ја тресе македонската судска сцена.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo