ПРВ.мк
Македонија

Казните на еден клик: МВР воведува мобилна апликација

Казните на еден клик: МВР воведува мобилна апликација
Kristal

Министерството за внатрешни работи подготвува нова мобилна апликација со која граѓаните ќе можат брзо и лесно да имаат целосен увид во сообраќајните казни, како и повеќе опции за нивно плаќање. Проектот е дел од пошироката иницијатива „Safe City“, чија цел е дигитализација и модернизација на сообраќајниот систем во државата.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во телевизиско гостување најави дека новиот систем ќе овозможи плаќање на казните преку банки, во полициски станици со платежна картичка, електронски преку банкарски апликации, а во блиска иднина и директно преку официјална мобилна апликација на МВР.

Апликацијата нема да служи само за плаќање – таа ќе им овозможи на корисниците детален преглед на сите изречени казни, како и навремени известувања преку е-пошта и мобилен телефон. Пристапот ќе биде заштитен со сигурен систем за автентикација, со цел заштита на личните податоци.

Во рамки на проектот „Safe City“, камерите што ќе се поставуваат низ градовите нема да се користат само за евидентирање на сообраќајни прекршоци. Според Тошковски, тие ќе можат да послужат и како доказен материјал при откривање други прекршоци и кривични дела, исклучиво во согласност со законските овластувања на МВР.

Со оваа иницијатива, институциите најавуваат поефикасен, потранспарентен и подостапен систем за граѓаните.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo