ПРВ.мк
Македонија

Грипот коси во Велес и Свети Николе: Вакцините стопирани, ова се новите бројки!

Грипот коси во Велес и Свети Николе:  Вакцините стопирани, ова се новите бројки!
Kristal

Загрижувачки бројки за грип се регистрирани во Велес и Свети Николе во изминатата недела, при што здравствените служби алармираат за ширење на сезонската инфекција. Само во Велес се пријавени 96 нови случаи на грип во периодот од 12 до 18 јануари, додека во Свети Николе бројот на новозаразени изнесува 59 лица.

Податоците на Центарот за јавно здравје Велес покажуваат дека најпогодена е работоспособната популација. Дури 64 од заболените се на возраст меѓу 15 и 64 години, што укажува дека вирусот интензивно се шири меѓу активното население. Следуваат 16 лица постари од 65 години, додека кај децата се регистрирани вкупно 16 случаи – 14 кај деца до четиригодишна возраст и двајца кај возрасната група од пет до 14 години.

Поради зголемениот број заболени деца, во велешката Детска превентива се преземаат дополнителни мерки. Д-р Марина Тодоровска од ЈЗУ Здравствен дом Велес информира дека уште од 25 декември минатата година се бележи раст на болни деца, поради што голем дел од родителите решиле привремено да ги одложат редовните вакцинации за децата до петгодишна возраст.

Здравствените работници апелираат на внимателност, следење на препораките и навремено јавување кај матичен лекар при појава на симптоми, со цел да се спречи дополнително ширење на грипот.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo