ПРВ.мк
Македонија

Скандал што ја вознемири јавноста: Оштетени гробови во Синѓелиќ - кој стој зад овој вандализам?

Скандал што ја вознемири јавноста: Оштетени гробови во Синѓелиќ - кој стој зад овој вандализам?

Семејства кои посетиле гробишта во скопската населба Синѓелиќ затекнале вознемирувачка состојба – дел од гробните места биле поместени, а на одредени парцели биле поставени бетонски конструкции директно над гробовите. Според сведоштва на присутни, нови ископи биле направени на многу мало растојание од постоечките почивалишта, што дополнително ја нарушило структурата на просторот.

Ожалостени граѓани реагираат дека пристапот до гробовите е отежнат и во некои случаи невозможно е да се оддаде почит без да се помине преку соседни парцели. Дел од нив ја опишуваат ситуацијата како длабоко вознемирувачка и несоодветна за достоинствено одржување на гробно место.

Покрај нарушената состојба на теренот, се посочуваат и инфраструктурни проблеми, вклучително и стеснување на пристапниот пат над гробиштата, што според локалните жители ја зголемува опасноста од одрони и дополнително ја влошува безбедноста на локацијата.

Институциите засега си ја префрлаат одговорноста околу надлежноста за решавање на проблемите, а семејствата тврдат дека не добиле јасни информации ниту решение за состојбата.

Во меѓувреме, се отвораат и прашања поврзани со начинот на доделување и цените на одредени гробни парцели, при што дел од граѓаните реагираат на високи износи и услови за изработка на споменици.

Од надлежното јавно претпријатие најавиле дека ќе излезат со официјални информации по извршен увид на терен.