ПРВ.мк

Сиљановска-Давкова телефонски разговараше со Зеленски

Сиљановска-Давкова телефонски разговараше со Зеленски
Vero

Македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари краток телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски, во кој главна тема беше украинско-рускиот конфликт и можностите за постигнување траен и праведен мир.

„Претседателот Зеленски ја информираше претседателката Сиљановска-Давкова за тековните дипломатски активности насочени кон склучување договор кој ќе обезбеди стабилност и мир во Украина“, соопштија од Кабинетот на претседателката.

Сиљановска-Давкова изразила поддршка за напорите на Украина да се стави крај на војната, нагласувајќи дека Северна Македонија останува посветена на европските вредности и солидарноста со украинскиот народ.

Од страна на украинскиот претседател било најавено и одржување на Самит под наслов „Украина – Југоисточна Европа“, кој ќе ги обедини лидерите од регионот во поддршка на мировните иницијативи.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран