ПРВ.мк

Новото партнерство е чекор напред во идната трговија меѓу Британија и Македонија

Новото партнерство е чекор напред во идната трговија меѓу Британија и Македонија
Vero

Навистина е задоволство да бидеме домаќини на вицепремиерот Николоски тука во Лондон, како и на големата делегација составена од други министри и претставници од кабинетите, за потпишувањето на нашето меѓувладино партнерство. Обединетото Кралство и Македонија имаат навистина силни билатерални односи како сојузници во НАТО и ова ново партнерство е значителен чекор напред во идната трговија меѓу нашите две држави, изјави Гарет Томас министер за трговија и извоз на Обединетото Кралство.

„Навистина сум возбуден што македонските и британските бизниси ќе работат заедно за да можат да испорачаат важни инфраструктурни проекти во Македонија. Меѓувладиниот договор ќе поддржи испорака на клучни проекти, прво со фокус на модерни здравствени установи и пристап до здравствени услуги. Секако тука е и новата железница, со што ќе се намали и времето на патување и за луѓето и за стоките. Инфраструктурните инвестиции знаеме дека се клучни за да се поттикне економскиот раст и да се подобри животот на граѓаните. Знам дека тоа е наша заедничка цел, за нашите влади се разбира и ова партнерство е поддршка за таквата испорака, за да се поттикне растот, да се споделат најдобрите практики меѓу нашите две нации, и секако односот меѓу нас да дојде на едно ново ниво”- изјави Томас.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран