ПРВ.мк
Македонија

Силен земјотрес ја стресе Македонија - еве каде е епицентарот!

Силен земјотрес ја стресе Македонија - еве каде е епицентарот!
Kristal

Доцна синоќа земјотрес ги стресе делови од Македонија, предизвикувајќи вознемиреност кај дел од граѓаните, особено во југозападниот дел од земјата.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, составена од сеизмолошки станици распоредени на целата територија и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, регистрираше земјотрес синоќа во 22 часот и 6 минути.

Според официјалните податоци, епицентарот на земјотресот потекнува од епицентралното подрачје Пештани–Охрид–Струга, на приближно 103 километри југозападно од Скопје. Земјотресот е измерен со локална магнитуда од 2.8 степени според Рихтеровата скала.

Од Сеизмолошката опсерваторија информираат дека, врз основа на досегашните податоци со кои располагаат, потресот бил почувствуван во Охрид и неговата поширока околина со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала. Засега нема информации за причинета материјална штета или повредени лица, но земјотресот бил јасно забележан од населението во погоденото подрачје.

FixCredit
Escape