ПРВ.мк
Македонија

Што се случило во хотелот? Американски државјанин пронајден мртов во центарот на Скопје

Што се случило во хотелот? Американски државјанин пронајден мртов во центарот на Скопје

Американски државјанин на возраст од 43 години, идентификуван со иницијалите Р.Р.Ц., бил пронајден починат во хотелска соба во централното градско подрачје на Скопје.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 24 јули околу 08:00 часот во СВР Скопје, по што на местото веднаш пристигнале полициски екипи и Итната медицинска помош.

Лекарот кој извршил преглед констатирал смрт, при што не биле забележани видливи траги на насилство.

По насока на надлежен јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција, која треба да ги утврди точните причини за смртта.

Надлежните институции продолжуваат со постапката за целосно расчистување на сите околности поврзани со случајот.