ПРВ.мк
Македонија

ШОК ВЕСТ: Водител на подкаст и претседател на здружение осомничен за детска порнографија – полицијата спроведува голема акција

ШОК ВЕСТ: Водител на подкаст и претседател на здружение осомничен за детска порнографија – полицијата спроведува голема акција

Сериозна операција против детска порнографија се спроведува на територијата на Северна Македонија, соопшти Министерството за внатрешни работи. Секторот за компјутерски криминал, заедно со одделенијата на СВР Битола, СВР Охрид и СВР Струмица, вршат претреси на седум локации за обезбедување докази поврзани со кривично дело „Производство и дистрибуција на детска порнографија“ според член 193-а од Кривичниот законик.

Еден од осомничените е Борче Костески од Струга, кој е познат како претседател на бугарското здружение „Струмичка петорка“ и водител на подкастот Б2 Канал – Почетна пресметка. Дополнително, тој се поврзува со Виктор Стојанов, кој има забрана за влез во државата.

При претресите ќе бидат одземени компјутерски уреди и податоци кои ќе послужат како докази во понатамошната постапка. Операцијата има за цел да ги открие сите лица и активности поврзани со производство и дистрибуција на детска порнографија и да ги заштити најранливите.

Случајот предизвика големо внимание во јавноста, а полицијата апелира граѓаните да ја пријавуваат секоја сомнителна активност која може да укажува на вакви кривични дела.