ПРВ.мк

Се враќаат девет повредени во пожарот во Кочани кои се лекуваа во странство

Се враќаат девет повредени во пожарот во Кочани кои се лекуваа во странство
Jumbo Banner

Во скопските клиники се хоспитализирани 22 пациенти повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Сите пациенти се во стабилна и добра состојба, а осум од нив денеска ќе бидат отпуштени на домашно лекување.

Во моментов, 8 пациенти се лекуваат во Клинички центар, од кои 6 на Токсикологија и 2 на Пластична хирургија, додека 6 пациенти се во Стара градска болница, 5 во ГОБ „8 Септември“, и 3 во „Аџибадем Систина“. Во странство се хоспитализирани 91 пациент, а денеска е планирано да се вратат 9 пациенти од земји како што се Унгарија, Италија, Грција, Србија и Шведска, истакна министерот за здравство, Арбен Таравари, на денешната прес-конференција.

Во однос на пациентите во критична состојба, министерот информираше дека лабораториските анализи покажуваат подобрување во споредба со претходните денови.

– По враќањето на пациентите од странство, ќе се следат протоколите од кризниот штаб, што подразбира задолжителни токсиколошки анализи и 24-часовен надзор, додаде министерот.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран