ПРВ.мк
Македонија

Се решава проблемот во општина Бутел со бездомните кучиња

Се решава проблемот во општина Бутел со бездомните кучиња

Општина Бутел започнува со поинтензивни и координирани активности за решавање на проблемот со бездомните кучиња на јавните површини. Градоначалникот Дарко Костовски информира дека денес остварил средба со директорот на ЈП „Лајка“, Војислав Димитровски, на која биле разгледани конкретни мерки за унапредување на состојбата во општината.

Според договореното, ќе следи поинтензивно заловување и собирање на бездомните кучиња, како и нивен хуман третман, со цел да се зголеми безбедноста на граѓаните и да се намалат ризиците на јавните површини.

Од Општина Бутел упатуваат и повик до граѓаните активно да соработуваат, преку пријавување на локации каде има бездомни кучиња на електронската адреса [email protected].