Кавадарци започнува голема акција за расчистување на децениските рушевини кои претставуваа опасност за граѓаните. Градоначалникот Митко Јанчев денеска одржа клучна средба со сопствениците на овие објекти, со цел конечно да се реши овој горлив проблем и да се придонесе кон поурбан лик на градот.

Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, денеска оствари работна средба со дваесет сопственици на дотраени и склони на уривање објекти лоцирани на територијата на општината.
На средбата беше дефиниран планот за дејствување, според кој во наредните два месеци, со целосна поддршка и логистика од страна на Општината и јавните комунални претпријатија, ќе започне процесот на отстранување на овие небезбедни градби.
„Наша примарна цел е да ја зголемиме безбедноста на граѓаните и пешаците, но и да создадеме поуредена, поурбана и естетски поубава средина за сите нас“, истакнуваат од локалната самоуправа.
Со овој чекор и одговорен пристап, Општина Кавадарци уште еднаш покажува како на дело се решаваат долгогодишните проблеми кои со децении беа занемарувани, креирајќи побезбедно и помодерно место за живеење.




