ПРВ.мк

Се бара слобода за приведените кои спасувале деца во дискотеката „Пулс“

Се бара слобода за приведените кои спасувале деца во дискотеката „Пулс“
VERO Banner

Во истрагата за трагедијата во Кочани, најкрвавиот настан во историјата на независна Македонија, досега приведени се 18, а задржани се 16 лица. Вкупно се извршени разговори со 71 лице, од кои 42 во Скопје и 29 лица во Кочани. За 14 лица е изречена мерка притвор во траење од 48 часа.

За приведените лица, кои спасиле многу лица од пожарот во дискотеката во Кочани, а дел од нив биле и обезбедување на објектот, вечерва група граѓани ја искажаа својата поддршка, барајќи тие да се ослободат, бидејќи се херои, а не виновни.

Наталија Георгиева, сопруга на Мартин кој работел како обезбедување на дискотеката, изрази длабоко жалење и сочувство за жртвите. Таа рече дека се тука за да кажат дека овие луѓе, на плакатот, херојски се бореле да ги спасуваат децата.

Според Владимир Здравков гневот „се истура врз тие луѓе. Полицијата од Скопје ќе ги средува работите, а таму не си ги средила“.

„Отидов вчера на протестот за да смирувам ситуација, а тие ме викнаа во полиција. Само ако ни ги пипнат живите деца. Децата што го изразија гневот изгубија браќа, другари. Не ни праќајте обвинители, полиција, туку психолози, вели Стојан Расков, кој кажа дека инспектор го повикал покажувајќи му слики дека тој бил организатор. Тој најави дека овој случај ќе го пријави кај министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Венко Крстевски советник во Општината Кочани, рече дека сето ова е поради корупција и дека вака не гледа перспектива во Македонија.

Извор: НетПрес

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран