ПРВ.мк
Македонија

СЕ БАРА ИТНА РЕАКЦИЈА ОД НАДЛЕЖНИТЕ: Мртви стаорци во градот - граѓаните сведочат и за живи глодари!

СЕ БАРА ИТНА РЕАКЦИЈА ОД НАДЛЕЖНИТЕ: Мртви стаорци во градот - граѓаните сведочат и за живи глодари!

Граѓани алармираат за појава на стаорци во близина на паркингот што се наоѓа меѓу ТЦ „Буњаковец“ и основното училиште „Ј.Х. Песталоци“.

На Фејсбук-страницата „Во одбрана на Буњаковец“ утрово биле објавени фотографии на кои се гледаат мртви стаорци пронајдени во овој дел од населбата.

Според реакциите на граѓаните во објавата, проблемот не се ограничува само на пронајдените угинати глодари. Тие тврдат дека во близина биле забележани и живи стаорци, што дополнително ја зголемило загриженоста кај жителите.

Како што е наведено во објавата, фотографиите биле направени вчера, 17 септември 2026 година.

Жителите апелираат до надлежните служби што побрзо да излезат на терен, да ја проверат состојбата на локацијата и да преземат соодветни мерки за справување со појавата на глодари.

Граѓаните очекуваат надлежните институции да утврдат од што е предизвикана појавата и да преземат активности за да се спречи нејзиното понатамошно ширење.