Во текот на 2025 година, во земјава со такси-превоз биле реализирани вкупно 18 449 000 патувања на патници, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Најголемиот дел од превозот се одвивал во градските средини, каде што се регистрирани 16 964 000 патници. Во меѓуградскиот сообраќај биле превезени дополнителни 1 485 000 патници.
Според статистичките податоци, за оваа услуга биле користени 1 982 патнички возила, со кои е измината вкупна дистанца од 60 158 000 километри.
Од нив, 53 418 000 километри се однесуваат на градскиот превоз, додека 6 740 000 километри се реализирани во меѓуградскиот транспорт.
Податоците укажуваат дека градскиот такси-превоз и понатаму доминира во вкупната структура на патничкиот транспорт во земјата.










