ПРВ.мк

Рехабилитацијата ќе биде долга, ќе дадеме максимум последиците да бидат што помали

Рехабилитацијата ќе биде долга, ќе дадеме максимум последиците да бидат што помали
VERO Banner

Министерот за здравство Арбен Таравари истакна во четвртокот дека рехабилитацијата на преежно младите луѓе кои настрадаа во пожарот во дискотеката во Кочани ќе биде долг процес и оти ќе бидат вложени максимални напори последиците да бидат што помали.

„Нивната рехабилитацијата нема да биде со седмици, во некои случаи и со седмици, меѓутоа генерално ќе биде со месеци. Јас се надевам дека ќе дадеме максимум, меѓутоа овој ќе биде долг процес каде треба да бидеме мирни и да донесеме добри одлуки, бидејќи се работи генерално за деца. Значи, повеќето од лицата се на 15, 16, 20, 22, 23, 25 годишни на кои многу им значи надворешниот изглед. Ние како Министерство за здравство и Влада ќе дадеме максимум од себе за последиците да бидат што помали, барем на овие што преживеале и ќе се вратат во државата ќе треба да живеат нормално, рече Таравари во вечерашното интервју за ТВ21.

Потенцира дека впечатокот на повеќе странски доктори и експерти за изгореници кои се наоѓаат во земјава е дека релативно добро се менаџира состојбата во Клиничката болница, во „8-ми Септември“ и во Општата градска болница. Посочи дека последните два дена тие ги прават тријажите кои се за одење надвор, кои се за останување во државата.

Таравари нагласи дека понудите за лекување на пациентите во странство биле од соседните држави и таму биле испратени најтешките пациенти.

„Понудите што беа за надвор за лекување беа од соседните држави нормално. Однесовме некои во Грција, некои во Софија и неколку пациенти во Србија. И ни се ослободија тие простори така да ги земавме пациентите од Кочани ги земавме во Штип, утредента повторно во понеделникот околу 37 пациенти беа испратени надвор од државата. Тие се најтешките. Првите пациенти што се испратени во Солун, во Софија и во Белград“, рече Таравари.

Министерот истакна дека директорот на кумановската болница во која почина 32-годишниот кумановец Ведат Адеми е разрешен откако Државен санитарен и здравствен инспекторат (ДЗСИ) констатирал низа неправилности во болницата.

„Има одредени нерегуларности кои што се констатирани од страна на ДЗСИ за кои што директорот требало да внимава и да не се случи тоа, да не дојде до такви настани. Дополнително ќе се испитува и дали има плус лекарска грешка“, рече Таравари.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран