ПРВ.мк

Таравари: Лекувањето на пациентите од пожарот во Кочани во другите држави е бесплатно

Таравари: Лекувањето на пациентите од пожарот во Кочани во другите држави е бесплатно
Jumbo Banner

Министерот за здравство, Арбен Таравари, информираше дека лекувањето на 115 повредени во пожарот во Кочани е бесплатно. Тој нагласи дека нема потреба од шпекулации и невистини во врска со плаќањето на лекувањата на повредените.

„Генерално, 99 отсто сме сигурни дека лекувањето е бесплатно и нема потреба да се собираат пари. Како Влада, обезбедивме и двајца родители или членови на семејството да патуваат и да се вратат, а Владата ќе ги покрие трошоците за пат и сместување во сите држави каде што се сместени повредените. Нема потреба за шпекулации и невистини. Можеби во некоја држава нешто ќе биде побарано, но генерално, лекувањето е бесплатно“, изјави министерот Таравари.

Во телевизиско гостување синоќа, директорот на Фондот за здравство, Сашо Клековски, истакна дека приоритет била соодветната грижа за пациентите, нивниот транспорт до соодветни клиники и помошта што им е потребна. За прашањето дали и колку треба да се плати, изјави дека допрва ќе се разговара.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран