ПРВ.мк
Македонија

Бутел во фокусот на првите 100 дена: соработка со Град Скопје носи паркови и инфраструктурни решенија

Бутел во фокусот на првите 100 дена: соработка со Град Скопје носи паркови и инфраструктурни решенија
Kristal

На јавниот отчет за првите сто дена од работењето на градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, посебен акцент беше ставен на проектите што директно го менуваат ликот на Општина Бутел.

Во соработка со општината предводена од Дарко Костовски, веќе е започната изградбата на голем модерен парк на булеварот Христијан Тодоровски Карпош, кој ќе се простира на околу 8.000 квадратни метри и ќе овозможи нов простор за рекреација и одмор на граѓаните.

Покрај тоа, отпочна и реконструкцијата на водоводната мрежа на улицата Радишанска Лево во населбата Бел Камен, со што се решава долгогодишен инфраструктурен проблем.

Од општината порачуваат дека ова е само почеток и дека Бутел влегува во период на интензивен развој, со јасна цел – подобар и поквалитетен живот за сите жители.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo