Утрово Македонија се разбуди под облаци, дожд и – на некои места – првиот снег оваа есен. На Попова Шапка и во Маврово, камерите во живо од порталот skimacedonija.mk покажуваат дека врнежите преминале во снег, а на планинските предели почнува да се формира снежна покривка.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, денес времето е облачно и студено, со обилни врнежи од дожд на повеќе места низ земјата. На повисоките места и планините, дождот преминува во снег, особено на северо-западните и западните региони.
🌬️ Ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој дополнително ќе го засили чувството на студ.
🌡️ Минималните температури ќе се движат од 6 до 11°C, додека максималните едвај ќе достигнат од 7 до 13°C.
Какво време нè очекува во Скопје?
Во главниот град, исто така, времето ќе биде облачно и студено, со повремени и пообилни врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
🌡️ Минимална температура: 10°C
🌡️ Максимална температура: 11°C
Петок со дожд и снег – а викендот донесува стабилизација
Во текот на петокот, врнежите ќе продолжат – најниските делови ќе имаат дожд, а на планините и повисоките места се очекува снег. На планините ќе се формира значителна снежна покривка, додека на повисоките места ќе има помалку, но видлив снег.
Од сабота, времето се стабилизира, но ќе остане многу студено наутро, со постепен пораст на дневните температури.