Денеска со почеток во 19:00 часот, во Музејот на македонската борба, ќе се случи промоција на новоформираната културно-научна фондација, именувана Глобална македонска фондација „Вечна“ во Скопје.
Фондацијата е замислена како мост на соработка меѓу науката, македонските иселеници и бизнис заедницата.
Според официјалното соопштение од организаторите, “Фондацијата е посветена на зачувување и промовирање на македонската историја, култура и идентитет преку истражување, образование и стратешки иницијативи.”
Меѓу останатото, целта на фондацијата е и обезбедување стипендии и финансиска помош за млади истражувачи и научници, како и поддршка на културни иницијативи и проекти.
На промоцијата ќе се обратат Ацо Крстески, ко-основач на ГМФВ, проф. д-р Љубомир Кекеновски, доц. д-р Бранислав Светозаревиќ-Покорни и д-р Мимоза Рајл.
Со овој свечен чин започнува патот на една визија за глобално македонско единство и научна вистина, се вели во соопштението.