Секоја најава за нови свежи пари во за домашните компании се добредојдени, оти вложувањата во развојните проекти треба да се реализираат. Бизнисмените ја поздравуваат најавата на министерката за финансии дека е исплатена третата транша од 41,3 милиони евра кон деловните банки за поддршка на 175 проекти, пари од унгарскиот кредит за инвестиции и развој. Првиот човек на Стопанската комора на северозападна Македонија, Менди Ќура, во изјава за МРТ1 вели дека парите ќе се вложат во локални, регионални и експресни патишта, со што ќе се покрене градежниот сектор.
Бизнисмените бараат овие најавени вложувања да се спроведат што е можно побрзо, оти економијата нема време за чекање. Според нив, добро е фирмите да бидат изведувачи и подизведувачи за изградба на патиштата, болниците, пругата, енергетските капацитети.
Министерката за финансии се надева дека проектите ќе дадат значаен инпут врз економскиот раст и кои ќе бидат сигнал кон остварувување на проекцијата од 3,7%.

- „Досега се префрлени 125,7 милиони евра во три транши. Компаниите имаат на располагање средства во износ од 250 милиони евра кои се планирани во Буџетот за 2025 година и за поддршка на своите проекти можат да поднесат барање во деловните банки преку кои се реализира оваа мерка на Владата, насочна кон поддршка на домашната економија“.
Најголем дел од средствата се наменети за мали компании, како и за набавка на опрема во вредност од 19,5 милиони евра. Најголем дел од парите ќе се трошат за инвестиции во производствените компании. Досега се исплатени 125,8 милиони евра за 470 проекти, од предвидениот фонд од 250 милиони евра.