ПРВ.мк

Мексиканска инфлуенсерка убиена додека емитувала во живо

Мексиканска инфлуенсерка убиена додека емитувала во живо
Jumbo Banner

Валерија Маркез им се обраќаше на своите следбеници на „ТикТок“ во живо од нејзиниот салон за убавина во мексиканскиот град Запопан кога некој ѝ затропа на вратата и ѝ достави мал пакет.

„Тоа е мало прасе!“ извика 23-годишната Маркез додека ја отвораше плишената играчка со насмевка, фрлајќи ја својата долга руса коса преку рамената, како што објави CNN.

Но, само неколку моменти подоцна, сцената се претвори во трагедија – инфлуенсерката беше пронајдена мртва, згрчена на столот, додека крвта се лееше по масата, а преносот продолжи, сè додека некој не ѝ го зел мобилниот телефон.

Според информациите од канцеларијата на државниот обвинител на Халиско, Маркез била убиена од маж кој влегол во нејзиниот салон, а случајот се третира како фемицид.

Нејзината смрт, како јавна личност со повеќе од 100.000 следбеници на Инстаграм, предизвика шок во земјата, која веќе со години се соочува со високи стапки на насилство и убиства на жени.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран