Општина Кавадарци информира дека денеска, 1 септември 2026 година, во раните утрински часови успешно било спроведено третото авионско третирање против комарци на територијата на општината.
Третирањето го извршил операторот ДВУ „Римин Ер“ ДООЕЛ Штип, а со акцијата било опфатено пошироко подрачје долж течението на реката Луда Мара.

Дезинсекцијата се спровела од селото Марена, преку целото градско подрачје на Кавадарци и селото Ваташа, па сè до браната Моклиште.
Од Општина Кавадарци посочуваат дека продолжуваат со редовно спроведување на мерките за дезинсекција, чија цел е намалување на бројноста на комарците и заштита на јавното здравје на граѓаните.







