ПРВ.мк
Македонија

Клековски за повреденото дете од Чаир: Лекарите ги преземаат сите можни мерки

Клековски за повреденото дете од Чаир: Лекарите ги преземаат сите можни мерки

Министерот за здравство Сашо Клековски денеска информираше за здравствената состојба на 13-годишното дете кое беше тешко повредено во инцидент во скопски Чаир, посочувајќи дека состојбата е критична и дека медицинските тимови ги преземаат сите можни мерки.

„Убод во срце, критично е. Нашите мисли се со него, но веќе медицината нема многу што може да направи“, изјави Клековски на прес-конференција.

Детето било тешко повредено во тепачка на улицата „Македонско-косовска бригада“ во Чаир. Според досегашните информации, во инцидентот биле вклучени пет лица – четворица малолетници и едно полнолетно лице.

Во тепачката биле употребени ножеви и безбол-палки. Еден од малолетниците, роден во 2012 година, признал дека користел нож, а форензичката анализа треба да утврди дали со истиот нож му била нанесена тешката повреда на 13-годишното дете.

Неговиот брат, роден во 2007 година, според досегашните информации, одбил да даде исказ.

Полицијата продолжува со целосно расчистување на случајот и утврдување на улогата на сите учесници. Се подготвува кривична пријава за обид за убиство, додека конечната правна квалификација ќе ја утврди надлежното обвинителство.

Најнови вести