ПРВ.мк
Македонија

Клековски: Епидемиолошката состојба се смирува, преземените мерки даваат резултат

Клековски: Епидемиолошката состојба се смирува, преземените мерки даваат резултат

Епидемиолошката состојба во земјава се смирува по преземените мерки и засилената координација меѓу Министерството за здравство, здравствените институции и општините, информираше денеска министерот за здравство Сашо Клековски.

Клековски на прес-конференција посочи дека институциите ја следат состојбата и дека преземените активности даваат резултат, при што координираното постапување на централно и локално ниво придонесува за стабилизирање на епидемиолошката состојба.

Истовремено, министерот упати важен апел до родителите да ја почитуваат вакцинацијата против морбили, имајќи предвид дека опфатот со вакцинација во земјава изнесува околу 62 проценти.

Потребата од зголемување на опфатот е дополнително нагласена поради појавата на случаи на морбили во соседството, меѓу кои во Косово и Бугарија. Здравствените власти апелираат навремено да се изврши имунизацијата со цел да се намали ризикот од ширење на заболувањето.

Клековски нагласи дека Министерството продолжува со следење на состојбата, координација со надлежните институции и општините и навремено информирање на јавноста.

На прес-конференцијата министерот се осврна и на здравствената состојба на 13-годишното дете тешко повредено во инцидент во Чаир, информирајќи дека детето се наоѓа во критична состојба по убод во пределот на срцето.

Најнови вести