СВР Битола поднесе кривична пријава против 36-годишниот Т.П. од Битола, осомничен за неовластено производство и продажба на наркотични дроги.
Според истрагата, пријавениот во текот на 2025 година во повеќе наврати набавувал марихуана од лица од Битола и ја препродавал на затвореници во Казнено-поправната установа Затвор Битола.
Со тоа, тој се товари за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Полицијата продолжува со истрагата за да утврди дали зад неговите активности стои поширока мрежа на снабдување.