Министерот посочува дека последните инциденти со руски борбени авиони, кои во септември влегле во воздушниот простор на Естонија, не се насочени само кон земјата, туку го тестираат единството на НАТО и способностите на трансатлантската алијанса.
Талин побара итен состанок на Советот за безбедност на ОН и консултации со сојузниците според Членот 4 од Договорот на НАТО. Алијансата ја предупреди Русија за натамошни прекршувања на границата, заканувајќи се со употреба на сила.
Естонскиот министер, заедно со Летонија и Литванија, предлага мисијата на НАТО за надзор на балтичкиот воздушен простор да се трансформира во вистинска одбранбена операција, со подобрени капацитети за противвоздушна одбрана, со цел ефективно да се штити регионот од потенцијални провокации.