Од среда, 15 октомври, Македонија ќе ја зафати нов ладен бран со дожд
Под влијание на студен воздушен масив од исток и североисток, од среда се очекува значително пад на температурите, кои повторно ќе бидат под просекот за октомври.
Облачноста ќе се зголеми, а локално се очекуваат врнежи од дожд со променлив интензитет.
Максималните дневни температури ќе се движат околу 10 до 15 степени, додека наутро во голем дел од земјата ќе биде под 10 степени, а локално и под 5 степени.