Во Општина Гостивар се најавува повторно гласање, откако според Државната изборна комисија не е исполнет законскиот цензус за излезност. За изборите да бидат валидни, најмалку 33,33% од гласачите треба да учествуваат, а според обработените податоци, излезноста достигна 33,31% — недостасуваат само 24 гласа.
Ова значи дека изборниот процес најверојатно ќе мора да се повтори, слично како што беше случајот претходно во Центар Жупа, Маврово-Ростуше и Врапчиште. Ситуацијата создава неизвесност и очекување за конечниот исход во една од поголемите македонски општини.
