ПРВ.мк
Македонија

ПРАВОСУДЕН КОНФЛИКТ: Од 15 обвинители, пет ја оспоруваат одлуката за „Пулс“ - што всушност се крие?

ПРАВОСУДЕН КОНФЛИКТ: Од 15 обвинители, пет ја оспоруваат одлуката за „Пулс“ - што всушност се крие?
Kristal

Обвинението за случајот „Пулс“ предизвикува контроверзии, се согласуваат адвокатите Владимир Туфегџиќ и Еленко Миланов во гостување на ТВ21.

Тие посочуваат дека не сите вклучени во обвинението можат да бидат прогласени за соучесници, бидејќи голем дел од нив во моментот на трагедијата, односно пожарот во дискотеката, не биле директно или индиректно поврзани со настанот. Според адвокатите, од вкупно 15 обвинители во тимот, најмалку пет не се согласуваат со концептот на обвинението.

„Во Нирнбершкиот процес имаше само четири обвинители, а во овој случај се создава тим од 15 обвинители. Јас лично ги познавам сите 15 и можам да потврдам дека најмалку пет од нив не се согласуваат со овој пристап кон обвинението, но тие го чуваат ова за себе“, изјави адвокатот Владимир Туфегџиќ.

Според адвокатите, овие несогласувања укажуваат на сериозни проблеми со правната основа и концептот на обвинението, што според нив може да влијае врз исходот на судскиот процес.

FixCredit
Escape