Попладнево избувна пожар на подрачјето на Скопска Црна Гора, а пламените јазици се видливи и на фотографиите што читатели ги доставија до редакцијата.
Според првичните информации, зафатена е сува трева на повисоките делови над селата Арачиново и Страчинци. Од Центарот за управување со кризи информираат дека примиле пријава за активни жаришта на повеќе локации во овој реон.
На местото на настанот интервенираат екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, кои работат на локализирање и гаснење на огнот. Засега нема информации за зафатени објекти или повредени лица.
















